До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола, во болниците нема нарушување на јавниот ред и мир и кај граѓаните не треба да се создава паника.
Акцискиот план денеска беше разгледан од Главниот штаб, а од 14 часот е ставен и пред членовите на Управувачкиот комитет каде се очекува да биде усвоен, а потоа и предаден до Владата. Владата треба да донесе одлука врз основа на која претседателот на државата и врховен командант, ќе даде наредба за активирање на Армијата, додека МВР ќе ја даде наредбата за полициските сили.
Ангелов уште еднаш напоемна дека Армијата во овој случај нема да биде вооружена и само ќе и помага на полицијата во превенирање какви било гужви или несакани ситуации. Целта е, рече, да им се овозможи на здравсвените работници непречено да ја вршат својата примарна должност.
Се работи за ангажман на Армијата за одржување на редот во здравствените обејкти или во магацини со медицински материјалии и опрема, каде што ќе побара Министерството за здравство, дециден е Ангелов.
– На службите од МВР им дадовме обврска да ги посетат конкретните објекти посочени од Министеството за здравтсво и да направат план за обезбедување. МВР треба да определи дали, колку и какво обезбедување ќе добие Министерството за здравство. Службите на МВР ќе определат на кој објект колку точки ќе се обезбедуваат, дали и кои точки ќе се обезбедуваат само во прва смена, но повеќето од нив треба да се покриваат 24 часа зашто најголемиот дел се меставо каде се лекуваатболни од КОВИД. Откако ќе биде определн бројот на точки кои треба да се обезбедуваат, треба да се определи и бројот на припадници на полицијата кои ќе ги покријат тие точки. Откако ќе се направи тој конечен извештај што го очекуваме во текот на денешниот ден зашто му е дадена задачата на МВР, ќе знаеме колку сили за обебзедување се потребни за здравствените објекти. Кога ќе го имаме тој број, МВР ќе излезе со информација колку можат тие да покријат, а колку треба на испомош да им даде Армијата, објасни Ангелов.
Тој додаде и дека ЦУК само сака да биде подготвен за превенција, да биде брз, но не и брзоплетен. Причина од итна реакција нема, зашто бројот на сили е доволен.
Ангелов информира дека засега од приватните болници нема барање за какви било обезбедувања. Комуникацијата со нив е директна, преку министерот за здравство.
Во однос на расположливиот кадар, ЦУК засега може да функционира, уверува в.д. директорот, иако му требаат повеќе луѓе и веќе се покренати постапки за преземања од други институции.
– Ќе направам преносачување на внатрешните сили зашто во ЦУК има луѓе со завршена воедна академија и одлично искуство во оваа институција. Наместо да ги вршат работните задачи, ќе бидат вклучени во дополнителните обврски кои ќе се јават наредниот период. Ќе ни требаат дополнителни ресурси кои ќе ги бараме, но може да се пофалам дека наидов на разбирање кај премиерот и Владата поради што не очекува никакви проблеми. Факт е дека недостасуваат луше, но постои можност припадници од Армијата може да побарам да помогнат во одржување на оваа служба овде, на влезот, која е исто така непополнета. Оптимист сум дека во делот на обезбедувањето се ќе биде во најдобар ред, нема потреба од итност и паника. Само сакаме како Тело, што побрзо и навреме да бидеме подготвени зашто планот ќе биде динамичен. Не се работи за фиксна, туку за мобилна бројка на сили и ние во секој момент ќе им излегуваме во пресрет на здравствените работници. истакна Ангелов.
Тој укажа дека КОВИД освен кај „обичните” граѓани, ја има и меѓу полицијата и Армијата. Затоа се бара поддршка од Армијата.
Ангелов уште еднаш упати и апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона вурисот.
– Апелирам до сите граѓани максимално да ги почтиуваат мерките за заштита. Носете маски, држете растојание, не се групиратјте, мијте ги рацете, навечер не излегувакте непотребно, оставете ги празниците и родендените, рече Сојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи.