Вооружена група денеска се обидела да уpадне во седиштето на либиската Национална нафтена корпорација во Триполи, но била запрена од чуварите.
Во инцидентот нема повредени лица.
На видео-снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како вооружена група го блокира патот пред компанијата со возила. Додека еден член на групата бара оставка од претседателот на Националната нафтена корпорација, Мустафа Саналах.