Германската компанија „ИДТ Биологика” планира до крајот на годината да ја почне втората фаза од тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирусот.
Британските медиуми го цитираат извршниот директор на компанијата, Јирген Бечинг, кој изрази надеж дека вакцината ќе биде одобрена во 2021 година.
-Доколку бидат успешни сите клинички испитувања, можеме да аплицираме за регистрација до крајот на 2021 година, рече тој на прес-конференција.