Гавин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија, беше фатен во луксузен ресторан на вечера со лобисти откако ги повика луѓето да oстанат дома поради пандемијата, пишува Њујорк Тајмс.
Њусон бил виден во луксузен ресторан во долината Напа, каде цените на оброците по лице се движат до 470 долари, а никој од собраните не носел маска, пишува весникот.
Ова се случува во време кога Калифорнија има еден од најголемите скокови на бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата, а гувернерот и демократите повикаа на строго почитување на мерките – луѓето да останат дома и да бидат претпазливи.
#GavinNewsom seeks sympathy after f*king over his entire state for years & giving them the finger. https://t.co/jj1r8YMWfP pic.twitter.com/6y9JNZc5It
— Milo™ (@chasbottom) November 23, 2020
Гувернерот кој беше со сопругата на вечера, се извини, нарекувајќи ја ситуацијата „голема грешка“.
Тој најпрво рече дека вечерата се одржувала надвор, но на фотографиите се гледа маса во ресторанот и врата што води кон терасата.
„Духот на она што го проповедам цело време беше контрадикторен и морам да го признаам тоа“, рече Њусом додавајќи: „Треба да проповедам и да практикувам, а не само да проповедам“.
Калифорнија во моментов се соочува со најголем пораст на новозаразени од почетокот на пандемијата. За само една недела, бројот се зголеми за 51 процент и таа сојузна држава воведе некои од најригорозните ограничувања во цела САД. Ги затворија сите продавници и наредија маските да се носат и на отворено.