Девет австралиски војници се самоубиле во последните три недели по скандалот со воени злосторства

Девет австралиски војници си го одзеле животот во последните три недели, објави „Дејли меил“, во екот на скандалот предизвикан од неодамнешниот извештај за убиства извршени од страна на австралиските елитни трупи во Авганистан.

Минатата недела Австралиските одбранбени сили го презентираа извештајот пред австралискиот врховен судија Пол Бретон, кој препорача истрага за 19 војници за смртта на 39 цивили помеѓу 2005 и 2016 година.

Според информациите, осум мажи и една жена на возраст од 20 до 50 години извршиле самоубиство во последните три недели, што е настан без преседан во воената историја на земјата.

И покрај тоа што нема информации дали некој од војниците што се самоубиле имаат врска со злосторствата наведени во извештајот, некои веруваат дека истрагата и придружното известување од страна на медиумите може да се делумно одговорни.

Објавувањето на извештајот предизвика масовна осуда во Австралија и низ целиот свет.

 

Треба да знаете
Последни објави