Грчката Влада со 120 милиони евра, финансиски ќе ја поддржи авиокомпанијата „Ејџиан ерлајнс”, како дел од планот „за праведна поделба на товарот меѓу државата и приватните акционери”, соопшти денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешниот редовен брифинг со новинарите објасни декаспоред владиниот план во зголемување на капиталот ќе учествуваат и акционерите на компанијата, а одлуката е во согласност со европската рамка за „државна поддршка на компаниите и секторите погодени од пандемијата, како што се авиопревозниците”
-Држава ќе добие специјални права на опција (во вид на warrants), за купување акции на компанијата, кои ќе има право да ги користи под конкретни услови и за одреден временски период. Вкупниот износ на државна поддршка се очекува да достигне до 120 милиони евра, објасни Пецас и додаде дека предвидено е приватно учество на акционерите од компанијата, во висина од 60 милиони евра, односно половина од државната помош.