ЕУ најверојатно ќе ги одобри првите бакцини против Ковид-19 кон крајот на годината

Европската агенција за лекови соопшти дека првите вакцини против Ковид-19 најверојатно ќе ги одобри на крајот на годинава или на почетокот на следната година, по проверка на најперспективните кандидати.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан минатата недела изјави дека Агенцијата може да ги одобри вакцините на „Фајзер-БиоНТех” и на „Модерна” пред крајот на декември.

Европската агенција за лекови соопшти дека во оваа фаза е тешко да се предвиди кога може да се издаде дозвола, бидејќи се уште се собираат информации. Агенцијата додаде дека најверојатно на крајот или на почетокот на следната година ќе биде издадено одобрување на најперспективните кандидати.

Европската агенција за лекови со седиште во Амстердам се обидува да ги забрза дозволите за имунизација со вакцините на „Фајзер-БиоНТех”,„Модерна” и на „АстраЗенека”.

„Фајзер-БиоНТех” ја извести Агенцијата дека експерименталната вакцина е ефикасна 95 проценти, на „Модерна” ефикасноста е 94,5 отсто, додека вакцината „АстраЗенека” е 70 проценти е ефикасна.

Треба да знаете
Последни објави