Македонскиот фудбалски репрезентативци, Стефан Ристовски е на излезната врата кај португалскиот Спортинг од Лисабон. Тренерот на Спортинг Рубен Аморим го испрати Ристовски да тренира со вториот тим давајќи му до знаење дека не смета на неговите услуги и оти во зимскиот преоден рок ќе треба да си побара нова екипа. Тоа ќе биде од интерес и за македонскиот репрезентативец, бидејќи ќе треба да биде во натпреварувачки ритам пред завршницата од ЕП која од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи идната година, а Македонија ќе го има својот премиерен настап.
За Ристовски според медиумите постои интерес од клубови од Италија и Германија, а Хрватите на ја исклучуваат можноста тој да се врати во Риека, каде настапува неговиот братот Милан.
– Постојано го провоцирам да се врати, а тој секогаш ми одговара дека малку му фали за да го стори тоа – кратко изјави Милан Ристовски во интервју за хрватските медиуми.