По принципот еден член, еден глас, Моника Круемади е реизбрана за претседателка на третата по големина партија во Албанија, опозициското Движење за социјалистика интеграција(ЛСИ).
Поради пандемијата и забраната за собири, гласањето било спровдено онлајн. Подршка и понатаму да остане на чело на партијата и дале 42.807 од вкупно 44.413 членови.
Четириесет и шест годишната Круемади е сопруга на претседателот Илир Мета и мајка е на три деца,по занмање е лекар. Поради нејзиниот цврст карактер и одлучност ја нарекуваат челичната дама.
-Со раката на срце, уште еднаш се заблагодарувам на ЛСИ. Денес е само почеток. Свесни сме за големите тешкотии што нè очекуваат, но навикнати сме на тешкотии, затоа сме заедно. Да ги победиме тешкотиите. Ние мора да им понудиме надеж на Албанците, се заблагодари Криемади преку порака од партиското седиште.
Партијата Движење за социјалистичка интеграција ја формираше актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета,откако ја напушти Социјалистичката партија. По неговиот избор за претседател во јуни 2017 година, вршител на должноста во кус период беше тогашниот потпретседател Петрит Васили,кој потоа поднесе оставка и од крајот на 2017 година на чело на партијата е Круемади.