Доследноста, континуитетот и делата, а не зборовите се од голема важност и за Грција и за нашите европски партнери, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите со Турција и уште еднаш повтори дека очекуваат Анкара „да запре со провокативните активности”.
– Имаме кажано дека сме подготвени да продолжиме онаму каде што беа прекинати разговорите во март 2016 година, со одговорност на Турција, за да ја решиме едната и единствена разлика која е пречка во добрососедските односи на двете земји, а ако стигнеме до решение, ќе биде корисно за народите од целиот регион, истакна Пецас.
Повтори дека грчката Влада ја осудува одлуката на Турција да издаде „нова нелегална Навтекс” за истражувања во Источниот Медитеран „за продолжување на провокативните активности во делот во грчкиот континентален гребен до 29 ноември” и го ја повика Анкара да ја повлече одлуката.