Граничниот премин Евзони ќе биде 24 часа затворен за секаков вид сообраќај поради штрајк на грчките цариници.
Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020 до 5 часот на 25.11.2020 година, информира МВР