Српската пејачка Александра Пријовиќ создаде празнична атмосфера во нејзиниот дом уште пред почетокот на месец декември.
Новогодишната еуфорија се чувствува во домовите на многу познати од српската естрада, а убавата пејачка реши дека е вистинско време да го украси својот дом.

ФОТО:АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Александра седи на подот, додека мајката на нејзиниот сопруг Зорица Накиќ ја украсува елката и и помага, а Филип снима сè како што е ред.
Инаку, деновиве пејачката вчера покажа како ужива со својот наследник Александар во семејната куќа на Живојиновиќ кои го славеа Аранѓеловден.