Партизан не успеа да продолжи во победнички ритам, беа сопрени од големиот ривал Црвена Звезда во меч од АБА-лигата. Партизан се врати во самиот финиш, но бодовите ги освоија „црвено-белите“.
Тимот на Филиповски и Митев во 35. минута имаше негатива од 11 поени (69-80), со серија од на 13-4 се доближи на 82-84. На другата страна веднаш следеше одговор за 82-86. Загорац со тројка доближи на 85-86, а во последниот напад Мекинтаер промаши за победа.
Црвена Звезда беше подобар противник во речиси голем дел од мечот, во првата четвртина имаше водство и од 8-19, но пред самиот крај „црно-белите“ брзо го стопија (19-22), а потоа на момент поведоа. Имаа лош финиш во вториот дел, па Ц.Звезда на полувремето замина со позитива од десет поени (40-50).
Продолжи да доминира, се до средината на последната четвртина кога Партизан се врати целосно во игра, но на крајот не успеа да дојде до победа.
Томас со 19 поени и Мекинтаер со 15 поени беа први имиња кај поразениот тим, на другата страна Џордан Лојд со 18 поени.