Барнли го прекина лошиот старт на сезоната со првата победа во деветтото коло во Премиер лигата, обезбеден со минимални 1:0 над Кристал палас.
Барнли, дојде во водство уште во осмата минута, кога Крис Вуд ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите за да постигне убав гол. Палас беа без својот најдобар стрелец, Вилфрид Заха, кој непосредно пред мечот имаше позитивен тест на КОВИД-19.
Со победата, Барнли скокнува на 17. место на табелата со 5 поени, оставајќи ги само Вест Бромвич Албион и Шефилд јунајтед како тим без победа во ПЛ. Палас остануваат на 10. место со 13 поени.