Англискиот фудбалски клуб Тотенхем денеска објави дека изгубиле 85,4 милиони долари во претходната сезона.
Како што се наведува, загубата настанала како последица на пандемијата на новиот коронавирус и недостатокот на приходи од продажба на билети.
Заклучно со 30 јуни, лондонскиот клуб имаше вкупен приход од 533 милиони долари во сезоната, што е за 80 милиони помалку отколку во сезоната 2018/19.
Првиот човек на клубот, Даниел Леви изјави дека Тотенхем ќе има трипати поголема загуба во тековната сезона доколку гледачите не се вратат на стадионите.