Хотелот ТЦЦ „Плаза“ кој се гради на местото од поранешно „Беко“ во центарот на градот Скопје, викендов продолжи со изведување на градежни активности и покрај тоа што нема одобрение за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ извести дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на општината веднаш испратил овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано дека се прекршени законските одредби согласно Законот.
Општина Центар со незаконските дејствија преземени од страна на инвеститорот ќе ја надополни претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза.