Откако ја призна вината, продемократскиот активист, Џошуа Вонг, кој беше организатор на минатогодишниот нелегален митинг во близина на полициска станица во Хонг Конг, е вратен во полициски притвор.
Британските медиуми јавуваат дека на Вонг, кој на 17 -годишна возраст стана заштитно лице на студентското движење „Чадор”, доколку му се докаже вината на судењето закажано за 2 декември му се заканува тригодишна затворска казна.
-Ниту затворските решетки, ниту изборните забрани, ниту некоја наметната сила нема да го запре нашиот активизам. Сега се обидуваме да му објасниме на светот кои се вредностите на слободата, рече Ванг пред почетокот на рочиштето.
Додека полицијата го водеше надвор од судницата по судењето, Вонг гласно ги повика своите истомисленици да истрајат и да бидат храбри.