Антоан Гризман, ѕвездата на Барселона, во интервју за една шпанска телевизија откри каква е неговата врска со капитенот Лионел Меси,откако во јавноста излезе изјава на неговиот поранешен агент, кој го опиша Меси како главен виновник за лошата форма на Французинот.
Гризман на стартот објасни дека со менаџерот не раговара откако го поканил на свадба, а тој не дошол, а не контактираат со него и останатите членови на семејството.
-Сакам да расчистам некои работи бидејќи откако пристигнав во Барселона, единствено зборував со моите нозе на теренот. Избегнував драми, но негативните коментари ме натераа да кажам дека е доста. Јас максимално го почитувам Меси, а првпат кога разговарав со него откако дојдов на „Камп ноу“, ми кажа дека е до смрт со мене бидејќи сум му соиграч. Секако, побарав извинување од соиграчите кога дојдов откако одбив да се преселем во Барселона во 2018 година. Меси ми рече дека мојата одлука да играм уште една сезона во Атлетико му наштетила бидејќи јавно бараше мој трансфер, но сепак ме подржа. Едноставно, во тој момент не се чувствував подготвен да си заминам од Мадрид, но важно е што сега сум играч на Барселона, а воедно проблемите со Меси се непостоечки, истакна Гризман.