Европската комисија постигна договор со американската биотехнолошка компанија „Модерна” за набавка на нејзината вакцина против Ковид-19, изјави денеска официјален претставник на ЕУ.
Минатата недела, „Модерна” соопшти дека нејзината експериментална вакцина е 94,5 проценти ефикасна во спречувањето на Ковид-19, заснована врз привремени податоци од клиничка студија во доцна фаза.
Во август, Комисијата, која преговара со производители на вакцини во име на земјите-членки на ЕУ, соопшти дека се склучени прелиминарни разговори со „Модерна” со цел потпишување договор за испорака на 80 милиони дози од својата вакцина, со можност за купување на уште 80 милиони.