Иако Наполи на почетокот од сезоната се сметаше за еден од конкурентите за титулата, игрите на теренот се далеку од очекувањата па со тоа атмосферата во соблекувалната е тензична.
Изминатиот викенд, Наполи во дербито на колото загуби на домашен терен со 1:3 од Милан и остана на 14 бода на табелата, шест помалку од „росоњерите“ кои се лидери.
Тренерот на Наполи за кого настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Џенаро Гатузо се закани дека ќе си поднесе оставка бидејќи според неговите зборови, играчите немаат победнички менталитет, но медиумите откриваат дека причината за послабите игри се од друга природа.
Имено, новинарот на Раи, Чиро Венерато, открива дека фудбалерите на Наполи последен пат платата им е исплатена уште во јули и поради тоа атмосферата во соблекувалната е тензична.