Еурофарм на гостувањето во Германија доживеа пораз од Рајн Некар Левен со 28:20.
Битолскиот тим добро се држеше во првото полувреме и не дозволија домаќините да се одлепат на некоја повисока предност. Најголемата предност Рајн Некар ја направи 26. минута, плус 4 (13:9). На полувреме се замина со 14:11.
Веднаш на стартот на второто полувреме Рајн Некар дојде и на предност од пет гола разлика, меѓутоа тогаш со серија од 3:0 се вратија на 17:15. За жал добрата игра не продолжи, па следуваше серија на фаворитот за водство од 22:15 во 47. минута.
До крајот Е.Пелистер немаше сили за да се врати, па Рајн Некар забележа сигурна победа.