Дуња Иванова, како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија.
Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.
Иванова работи како концертен пијанист и наставник, а е и доктор на науки по естетика.