Министерството за економија ги известува заинтересираните апликанти дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици од Четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19 кризата во секторите туризам и угостителство се продолжува до 04.12.2020 година.
Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб -страната на Министерството за економија на 16.11.2020 година:
1.Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти
2.Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции
- Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи
- Јавен повик за издавање на грантови за игротеки
- Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби
Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата „Дома си е дома“
Повеќе детали на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867