Венко Филиплче објави дека од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа.
„Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи“, соопшти Филипче.
Според д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом- Скопје, станува збор за четириесетина медицински сестри чии договори истекле заклучно со крајот на минатиот месец, а дека за продолжување на договорите, потребна била согласност од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Оваа институција го формира и одобрува буџетот за ангажман на кадар, па поладнево Фондот одлучил дека ќе има буџет за оваа намена за Здравствен дом – Скопје.
Од Министерството за здравство информираат на барање на министерот Филипче, Агенцијата за вработување до министерството доставила информации за невработени лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, на кои ќе им биде понудено вработување во ковид-центрите низ државата.