Државата да воведе привремени, директни мерки за поддршка на земјоделството, посебно на микро, малите и средните стопанства, да обезбеди еднократна помош, да авансира некои од идните директни плаќања и да размисли за зголемување на дел од веќе проектираните субвенции, порачаа учесниците на Втората сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој.
Тие ја поздравија владината интервентна помош за ублажување на корона кризата, но укажаа дека досега немаше мерки кои директно беа насочени кон земјоделците.
Како што рекоа на онлајн конференцијата, КОВИД-пандемијата најнегативно се одрази врз малите, нерегистрирани производители кои немаат пристап до финансии, ниту располагаат со капитал, иако ударот се чувствува во сите сегменти – примарното производство, преработката, набавката, пласманот, неможноста да се обезбедат сезонски работници, откупните и продажните цени.
Кризата ја истакна потребата од стабилен, функционален систем за обезбедување доволно и квалитетна храна, од модернизирање на фармите и нивна дигитализација, од креирање долгорочни агргарни политики за наредните 20 – 30 години, како и од поголема комуникација меѓу сите засегнати страни, заклучија учесниците.
– Во вакви услови е многу важно да имаме функционален систем на снабдување со храна кој континуирано ќе им овозможува на потрошувачите квалитет и добри цени. Општа е констатацијата дека кризата негативно се одразува врз економското работење на земјоделските стопанства поради што е клучно да се одржи нивната ликводност. Тоа е и главниот ризик. Затоа е неопходна достапност на извори за финансирање, посебно за помалите производители кои имаат отежнат пристап до капитал. Малите фармери се исклучително ранливи и помоќни би можеле да бидат само ако се вмрежени и здружени. Неопходни се нови вештини и практики, нови пристапи за решавање на проблемите. Клучна е и дигитализацијата. Мора да се потенцира локалната димензија, да се поттикне модернизацијата, особено во делот на преработката, доработката и логистиката, рече професорката Александра Мартиновска Стојческа од Факултетот за земјдоелски науки и храна (ФЗНХ).
Изнесувајќи ги резултатите од последното истражување со кое биле опфатени 90 фарми од сите региони во земјава, професорката посочи дека според производителите, најкритични токи од корона кризата се намањето работна сила и нејзната цена, како и откупните и продажните цени. Најмало е влијанието во делот на достапноста на репроматеријали и суровини.
-Вкупно 64 проценти од производителите велат дека КОВИД-кризата влијаела негативно, особено имале проблеми во карантинските денови и покрај дозволите за движење, во транспортот и логистиката. Две третини веруваат дека ќе продолжат добро да функционираат и по кризата, но 34 отсто сметаат дека кризата може да се одрази на нивната одржливост, подвлече Мартиновска Стојческа.
Според професорката Соња Србиновска, исто така од ФЗНХ, државата треба да размисли за воспоставување услужни центри за храна, т.н. фуд хабови, по примерот на некои развиени земји. Хабовите, објасни Србиновска, ги прибираат вишоците храна, соодветно ги складираат и ги дистрибутираат кога е потребно до големите маркети.
-Хабовите се некаде државни, некаде приватни или се по принципот на јавно-приватно партнерство. Не е лошо да се размислува за поддршка на вакви центри за локалната храна, зашто во 2021 година големите градови може да се соочат со недостиг на харана, а вишок на производи во руралните средини, како што предвидуваат ФАО и СЗО, укажа професорката и додаде дека земјава мора да поработи и на стратегија за обезбедување храна.
Професорката Гордана Попсимонова од ФЗНХ рече дека кризата покажа кои се трите клучни професии: лекари, информатичари и земјоделци.
-Науката и равојот не се создаваат преку ноќ. За жал, во земјоделството сосема ги маргинализиравме. Цело време зборуваме за трансфер на знаење и вештини, а нема поддршка за науката од која постојано само црпиме. Науката стагнира цели 20 – 30 години и во поглед на финансирање проекти и во човечки капацитети. Немаме истражувачи, младите немаат желба, ниту наоѓаат перспектива за вработувања во земјоделството, потенцира професорката.
Кризата нема да заврши скоро, допрва ќе се чувствуваат последиците, оцени претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.
-Штети ќе имаме и понатаму, ситуацијата со откупот допрва ќе се одрази. Кризата ќе трае подолго. Ги поздравуваме сите заложби на Владата, но апелирам да размислуваме долгорочно, да правиме програми и планови на долги стази, да гледаме како ќе се движи земјоделството во наредните 20 – 30 години и така да ги креираме мерките, порача Мојсовска.
Иван Вангелов од НФФ, пак, производител на овошје и зеленчук, рече дека откупните цени се многу ниски, а протокот на стоки многу забавен.
Професорот Јорде Јаќимовски ја нагласи потребата од сигурност на примарното производство и неговиот пласман. Ако има договорна цена, рече, откупувачот треба да ја почитува или во спротивно, да сноси санкции. Треба, сугерираше професорот, да се обезбеди и мобилен систем за здравствена заштита и за храна на населението во руралните средини.
За збор се јавија и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, како и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ. Двјцата рекоа дека и во вакви вонредни услови, со намалени човечки ресурси, институциите максимално работат и се на ниво на своите задачи. Државата им помогна на лозарите и сточарите со конкретна поддршка, направи се за пласман на зелката и ги замрзна роковите за ИПАРД за да им овозможи на апликантите да ги реализираат инвестициите, напомена Бабовски. Шапуриќ, пак, дополни дека инспекторите се постојано на терен, течат внатрешната и граничната фитосанитарна контрола, а непречено се одвиваат и увозот и извозот.
Клучната препораката на словачкиот експерт, Јан Барсвари кој претходно кажа дека и неговата земја се соочува со слични предзивици во земјоделството, е дека во вакви, вонредни услови, секоја држава мора да обезбеди храна за сите, по, како што рече, пристојни цени.
-Политичарите треба да го третираат земјдоелството како приоритетен сектор зашто производството на храна е клучно за секоја економија. Производителите мора да бидат поддржани, мора да се инвестира во модернизација и дигитализиција на стопанствата. Соработката, пак, на сите засегнати страни треба да биде во насока на носење долгорочни мерки. Секторот треба да се стабилизира и да се подготви за некоја нова, следна криза, рече Барсвари.
На работната сесија „Пазарот на земјоделски производи во услови на КОВИД-19 пандемијата”, иако онлајн, имаше преку 50 учесници.