Албанскиот државјанин Бујар Сејдини, кој во криминалната италијанска организација Ндрагета е попознат под прекарот „џаџаи” (вујко), екстрадиран и е на Италија, која го бара за трговија со дрога.
Сејдини, кој беше уапсен уште во јули во Тирана, вчера и беше предаден на италијанската полиција, а тамношните институции го сомничат дека бил инволвиран во шверц на кокаин и дека од Италија патувал за Шпанија за да купи 20 килограми дрога, пренесува порталот „Егзит”.
Неговата екстрадиција во Италија беше одобрена во октомври.