Лејди Гага зрачи со чиста елеганција додека го слави лансирањето на Voce Viva, новиот парфем на италијанскиот моден бренд „Валентино“, во рекламна кампања на интернет.
Музичарката и актерка (34) едноставно блеска додека е во центарот на вниманието и го промовира новиот парфем на Инстаграм.
„Мирис што го слави твојот глас“, гласи еден наслов на објава на платинесто русокосата дива на Хроматика.
Во потрага по природната убавина, фотографиите на кои е речиси без никаква шминка, Гага ја истакнува својата мазна кожа, добро дефинирани веѓи и допир од роза на усните што ѝ одговара на облеката.
Да биде заштитно лице на новиот мирис на „Валентино“ не е единствениот нов потфат на Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џоана Анџелина Германота.
Гага, наводно, ќе глуми со Бред Пит во претстојниот трилер-акција Bullet Train, базиран на јапонски роман. Иако веста не е официјално потврдена, американските медиуми пишуваат дека пејачката може да го следи успехот на „Sвездата е родена“ (2018), кој ѝ донесе номинација за „Оскар“ за најдобра актерка.