Екипата на кошаркарскиот НБА-лигаш Милвоки бакс ќе ја започне новата сезона без навивачи во својата сала. Ова одлука е во согласност со градските и државните прописи за ограничување на ширењето на КОВИД-19.
Бакс, НБА и локалните здравствени власти ќе ја следат ситуацијата за да им овозможат на навивачите да присуствуваат на домашните натпревари на клубот во случај на позитивен развој на настаните.
Новата НБА сезона ќе започне на 22 декември.