Соопштение до јавноста реакција на соопштението на СДСМ
„На неспособната власт, која не знае да се справи со ковид епидемијата, ѝ е виновен час народот, час опозицијата, час Христијан Мицкоски, но никогаш не ја бараат вината кај себе.
Според логиката на СДСМ Христијан Мицкоски е виновен за сончевите денови во ноември, за текот на изборите во САД, за глобалното затоплување и топењето мразот на северниот пол, за угинувањето на пеперутките, за состојбите во Нагорно Карабах и слични небулози.
СДСМ треба да престане да и замачкува очи на јавноста со своите апсурдни оправдувања. Состојбата во Македонија е алармантна и одговорноста пред се е кај нив, кај Заев и Филипче кои наместо да ги засукаат ракавите и да сработат нешто се концентрирани како да ја легализираат марихуаната и како кланот Заеви да го претворат во картел Заеви.
Огромен број луѓе заболуваат и умираат поради нивната неодговорност и неспособност да менаџираат. Затоа најдобро е Заев, Филипче и целата влада да си поднесат оставка, а Македонија да добие влада на национален спас која далеку поуспешно ќе се справува со кризата и последиците од неа но и да ја извади Македонија од амбисот во кој токму тие не доведоа.