Високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички во времетраење од еден час, што пред кратко време се појавија на Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гостивар, во периодот од 12.20 до 12.30 часот, се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.
-При тоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ 10 честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, додава Министерството.