Интегрален текст од изјава за медиуми на Ели Панова
„Драматично се зголемува бројот на активни случаи и за жал бројот на починати, а министерот одговорен за чување на нашето здравје, се однесува како да е „се под контрола“? Не прифаќа никаква понудена помош од опозицијата, не ги прифаќаат ниту Предложените измени на Законот за заштита од заразни болести подржан од сите политички партии на опозицијата каде целта е формирање на специјализирана комисија која може да помогне во овие тешки времиња.
Денес повторно ќе се обидеме да поставиме прашања на малку поинаков начин! Филипче нека не спие, нека облече мантил и нека помине еден на Инфективната клиника за да види каков хаос е. Зошто Филипче бега од експертската јавност и не сака експертска комисија. Бидејќи деновиве одржа состаноци со сопствениците на приватните болници, уште еднаш сакамe да прашамe, дали нешто научивте? Утврдивте ли зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува во државното здравство?
Дали не е време со средства од новиот буџет да се ангажираат сите доктори и останат медицински персонал, кои се невработени преку Агенцијата за вработување? Зошто медицинскиот кадар е преморен, морате да сторите нешто! Заштитени ли се лекарите кои се во првите борбени редови со КОВИД 19, имаат ли доволна заштитна опрема?
Зошто не се реорганизираше итната помош со тимови кои ќе се грижат само за болните од КОВИД 19? Зошто се дозволува итната помош за граѓаните да зависи од бизнис интересите на поединци кои најавија формирање на приватни единици за брза помош? Зошто нема јасни протоколи за матичните лекари? Зошто нема заштитна опрема за нив? Зошто нема јасни инструкции како да се негува пациент во домашни услови, кога веќе токму домашниот третман на пациенти е еден од столбовите кога државните капацитети крахираат?
Зошто граѓаните се молат кај матичните лекари да добијат термин за тестирање и мораат да чекаат и по 10-тина дена, во услови во кои може сериозно да им се влоши состојбата?
Зошто досега не се подготвија објекти за КОВИД центри, туку се преспа летниот период, како да беше државна стратегија дека КОВИД 19 после летото ќе исчезне бидејќи ние не сме спремни за вирусот? Прашања има уште многу. За жал, одговори нема. Единствениот заклучок е дека најодговорните за оваа состојба меѓу кои е и министерот Филипче, освен што бројат заболени и починати, спијат и не преземаат ништо друго за сериозно справување со оваа голема криза.
Ако намерата им е да ја решат кризата со ПР и со надеж дека истата ќе исчезне час поскоро се лажат, прифатете итно формирање на експертска комисија за да се спасат човечки животи. Вашиот ПР никого повеќе не го интересира, нас битен ни е животот на нашите родители како што ни е битен и животот на нашите деца.