Тапанарот на популарната српска музичка група Амадеус бенд, Бојан Златановиќ, попознат под прекарот Токан, почина по борба со коронавирусот.
Бојан ја загуби битката на 45-годишна возраст, а музичкиот свет остана во шок по оваа тажна вест.
Пејачот Дарко Филиповиќ преку својот Инстаграм профил се прости од Токан, кој објави црно-бела фотографија од него со шокантни зборови:
„Брат, сè што знам е дека повторно ќе се сретнеме некаде… Р.И.П.“- напиша Филиповиќ.