СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(72) од Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување на заразна болест”.
На 15.11.2020 во Тетово, во домот каде престојувала пријавената со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација во домашни услови, од полициски службеници биле извршени проверки и било констатирано дека не се наоѓала во домот, со што ги прекршила прописите издадени од надлежен орган за спречување на пренесување на заразната болест Ковид-19.