Мицкоски работи за вирусот, против системот, против државата, против лекарите, против граѓаните

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ

 
„Се што ВМРО-ДПМНЕ прави во време на пандемијата со коронавирусот е црна кампања против здравствениот систем, поткопување на сите напори за ублажување на последиците од кризата и ширење лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.
Христијан Мицкоски продолжува да работи за вирусот, а против здравствениот систем, против лекарите и против граѓаните.
Мицкоски работи за вирусот со масовно прекршување на мерките за заштита на здравјето, со одење по теретани и ресторани кога тоа е забрането.
ВМРО-ДПМНЕ го поткопува здравствениот систем со кочење финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата.
Вело Марковски лажно ги клевети здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советува граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.
Мицкоски ширеше лажни вести дека нема доволно тестови, креваше страв и паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема.
А згора на се, ја злоупотребува смртта на граѓаните ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.
Граѓаните знаат кој изминатите девет месеци пожртвувано се грижи за здравјето, а кој тера политикантство.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се во опозиција и таму ќе останат уште долго.
Треба да знаете
Последни објави