Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика индиските држави, кои имаат нагло зголемување на заразени со коронавирус, да постават фрижидери за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 и побара да ја преиспитаат ситуацијата.
Како што пренесуваат странските агенции, Моди рекол дека неговата Влада е во контакт со производители на вакцини ширум светот.
– Наш приоритет е да ја направиме вакцината достапна за секого. Оваа мисија за вакцинирање против коронавирусот на секој граѓанин е како национална обврска, рече индискиот премиер.
Индија има едни од најголемите производители на вакцини во светот и има пет кандидати за вакцини во различни фази на тестирање.
Но, државните фрижидери што се чуваат за складирање на вакцини не се соодветни за огромниот предизвик за дистрибуција на вакцината против Ковид-19.
За решавање на проблемот, Владата го зголемува бројот на фрижидери и транспортните системи за вакцини.
Исто така, подготвува база на податоци за здравствените работници кои први ќе бидат вакцинирани.
Во Индија досега се заразија 9,18 милиони луѓе, а повеќе од 134.000 починаа од Ковид-19. Денеска се регистрирани 37.975 новозаразени и уште 480 смртни случаи.