Една од најубавите жени во поранешната држава, најпозната југословенска лото девојка, фаталната Сузана Манчиќ, денес водителка и писателка, мајка на две деца и едно лудо куче, како што самата се опишува на социјалните мрежи, наполни 64 години и го прослави својот роденден во својот дом во Белград.
Славеничката позираше во домашна атмосфера – во пижами, нималку невообичаена за добата на пандемијата, но сепак, она што сите го забележаа е дека таа има комплетно средена фризура и шминка. Всушност, малкумина изгледаат одлично во пижами. Годините одлично ѝ стојат на Сузана и многумина во коментарите на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 36.000 луѓе, ѝ пишуваат дека изгледа подобро од кога било.
– Скромно, но со многу љубов – напиша Сузана, која во 2018 година, по 17 години врска, го изговори судбоносното „да“ на грчкиот банкар Симеон Окомокос.
– Мојот прв брак беше навистина од љубов. Што се однесува до вториот брак, докажано е дека се сакаме со Симеон, затоа што сме во врска 20 години. Втората можност ја гледав со други очи, од првата. Првиот пат се омажив од голема љубов, но како што гледате, љубовта е расиплива стока и таа исчезнува – изјави Сузана неодамна за српските медиуми.
Таа објави фотографија на социјалните мрежи со роденденска торта и свеќи, додека зад неа, покрај каминот, се наоѓа голема корпа со бели рози и честитка.
Преземено од +инфо