Новиот француски амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска беше во посета на Медиумската информативна агенција – МИА.
На средбата со директорот на Медиумската информативна агенција, Драган Антоновски, во привремените простории на МИА, Бомгартнер беше запознаен за начинот на функционирање на националната новинска агенција, за сервисите кои ги нуди и соработката која ја остварува со националните агенции од регионот и Европа.
Антоновски и Бомгартнер разменија мислења и за работата на медиумите во Франција.
Францускиот амбасадор на средбата понуди помош за МИА чии простории беа оштетени во пожарот кој избувна на 9 септември годинава.