Швајцарка нападна две други жени, од кои една со нож, во супермаркет во Лугано, во кантонот Тичино (југ), објави регионалната полиција, која не исклучува „терористички мотиви”при нападот, јави дописникот на МИА.
Една од жртвите на нападот е сериозно повредена, но без нејзиниот живот да биде во опасност, додека втората има полесни повреди, соопшти полицијата која за нападот биле предупредени нешто пред 14 часот. Според првите елементи на истрагата, напаѓачката, на возраст од 28 години, се обидела да ја задави едната од двете жени со раце и со нож ја ранила втората во вратот.
Другите клиенти во супермаркетот успеале да ја контролираат, која потоа била уапсена, додава полицијата. Регионалната полиција нагласи дека „не ги исклучува терористичките мотиви”, прецизирајќи дека работи на овај случај со полицијата на Швајцарската конфедерација и локалната полиција на Лугано.