Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, побара од обвнителството под итно да почне истрага во врска со морбидните фотографи кои кружат деновиве за „односот кон почнатите од Ковид-19″.
– Обвинителството не треба да спие,туку под итно да почне истрага, рече Шеху одговарајќи на прашањето кој прави политика со умрените од Ковид-19,по дебатата меѓу власта и опозицијата.
На фотографиите се гледа како трупови на лица почнати од Ковид-19 завиткани во пластични вреќи и бели чаршафи се оставени на подот во мртовечницата а не во посебни простории со ладилници.
Фотографиите кои се направени од Сири.нет, ги објавија сите медиуми.
И за ова, власта ја обвини опозицијата, велејќи дека се монтирани, откако и претходно ги отфрли како неточни и тврдењата на лидерот на Демократската партија(ДП) Љуљзим Баша, дека во периодот март-октомври имало 923 починати а не 509 лица колку што тврди министертвото за здравство.
Потпретседателот на ДП, Еди Палока, денеска отфрли дека овие фотографии се излезени од неговата партија.
-Тие се појавија во медиумите, не е точно дека тие излегоа од ДП. Дали е етички или не, тоа е друга тема,но добро е да види јавноста како се справуваме со пандемијата. Жално е затоа што тие се вистински слики. Сериозно е што се случува. Срамота и
морбидност е она што се случува. Рама секогаш се занимава со осуда и истото го прави и со овие фотографии,рече Палока.
Според него дека не се објавува реално бројот на починати од коронаврус потврда се починати двајца негови блиски роднини од Ковид-19, кои не се во списокот на починати од опасниот вирус.