Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа,
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид-центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни“, се наведува во извештајот на Министерството кој се базира на податоци од болниците.
Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид-центрите“, додаваат од ресорното Министерство и напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.