Сите ние, а особено, ние мажите, имаме општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук” по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените. Во фејсбук статусот, Заев апелира до жртвите на семејно насилство да не молчат и случајот да го пријават во надлежните институции.
– Една од моите лични заложби е мирното решавање на сите конфликти низ разговор, низ дијалог, на достоинствен начин и со почит кон другите во политиката и во мојот приватен живот. Во период кога поради кризата со пандемијата од КОВИД-19 сите повеќе седиме дома, регистрирано е зголемување на насилството врз жените. Затоа, многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават: www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx. , пишува Заев.
Потсетува дека политичките на Владата се насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство, а потврда за тоа се отворените шелтери за згрижување, ратификацијата на Истанбулската конвенција и најновиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.