Во текот на вчерашниот ден доцна навечер заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе повеќе кадрови одлуки во насока на реструктуирањето и катарзата која беше најавена од страна на претседателот Христијан Мицкоски.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на следниве Претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:
- Претседател на ОК НОВО СЕЛО – Петар Марков
- Претседател на ОК СТРУМИЦА – Жан Дрвошанов
- Претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ – Харис Ибраими
- Претседател на ОК РАДОВИШ – Ванчо Ристов
- Претседател на ОК ПРИЛЕП – Дејан Продановски
- Претседател на ОК БОСИЛОВО – Мито Андонов
- Претседател на ОК ПЕХЧЕВО – Александар Китански
- Претседател на ОК БОГДАНЦИ – Марјан Пеев
- Претседател на ОК КОЧАНИ – Митче Стојков
- Претседател на ОК ПРОБИШТИП – Марјан Миленковски
- Претседател на ОК ДОЈРАН – Ѓорѓи Граматиков
- Претседател на ОК ДЕЛЧЕВО – Сашко Ивановски
- Претседател на ОК БЕРОВО – Столе Каракутовски
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и тоа следните членови:
- Мане Јаковлевски
- Слободан Анастасовски
- Драган Димишков
- Љупчо Трпевски
- Ѓорѓи Илиевски
- Мирослав Тасевски
- Драган Василевски
- Бранко Момировски
- Ѓорѓи Малковски
- Живко Ристески
- Александар Бичиклиски
- Илија Шаторот
- Сашо Наковски
- Златко Милошевски
- Ламбе Арнаудов
- Душко Ѓорѓиев
- Милан Кузев
- Сашо Дранго
- Борис Јанев
- Ванчо Каранфилов
- Марија Кирова
- Ристо Ѓоргиев
- Дејан Цветковски
- Митко Антовски
- Симо Илиевски
- Владо Ѓорески
- Андон Чибишев
Воедно, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговараше и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19 пандемијата, каде што секојдневно има траорни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата каде што секојдневно се бројат нови отпуштања.