Истражувањата и проекциите на Европската унија за 2020 година покажуават дека дури 90 проценти од работните места ќе бараат одредено ниво на дигитални вештини. Со интернетот мора да се управува одговорно. Потребна е примена на регулаторна рамка преку која ќе се постават еднакви можности за сите во дигиталниот свет. Тоа се дел од пораките изнесени на 16. конференција „е-Општество.мк” на тема „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот” која се одржува онлајн денеска и утре во организација на Фондацијата Метаморфозис.
Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, на конференцијата истакна дека донесувањето закони и пристап до информации, обврските во поглед на траспарентност во вршење владини активности, како и вклучување на граѓанските организации претставува висок приоритет во агендата на Владата.
– Слободата на издразување, слободата на медиумите и заштитата на медиумскиот плурализам како реформирање, развој на медиумите, независна продукција и развој на медиумската писменост се многу важни фактори. Влијанието на онлајн медиумите се зголемува со пробивот на дигитализацијата, но нивното правилно регулирање е многу потешко отколку традиционалните медиуми. Спречување на ширење на лажни вести е една од областите каде што е потребен поголем ангажман од сите засегнати страни во општеството затоа што последиците можат да бидат фатални. Критичното размислување и медиумската писменост се најважните алатки кои можеме да ги применуваме во борбата со лажните вести. Според истражуватањата и проекциите на Европската унија за 2020 година дури 90 проценти од работните места ќе бараат одредено ниво на дигитални вештини. Земено е во предвид ИТК стратегијата која е во завршна фаза, рече Шаќири.
Тој потенцираше дека интернетот стана најефикасна алатка во историјата на човештвото и оти е дигитална сила на природата и како таков мора да се управува одговорно и со најголема грижа.
– Ние мора да се стремиме, да го задржиме интернетот слободен, неутрален и достапен за сите истовремено заштитувајќи ги граѓаните на постојаните ризици. Обезбедување отворен, слободен, доверлив и безбеден сајбер простер е издвоена како една од најважните наши цели во националната стратегија за сајбер безбедност. Ќе работиме на унапредување на дигиталните вештини на целокупното население (кај младите, студентите, администрацијата, наставниците, вработените итн)., истакна министерот Шаќири.
Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека за да се почуствуваат бенефитите на дигитализацијата, потребни се услови, потребна е примена на регулаторна рамка преку која ќе се постават еднакви можности за сите во дигиталниот свет.
– ЕУ е во процес на трансформација чија цел е создавање на отворено и модерно општетство, на ефикасно оштество кое не зависи од употребата на ресурси. Дел од трансформацијата подразбира и имплементација на Зелената агенда. Но, дигитализацијата е исто така клучен елемент од оваа агенда на ЕУ. Но, оваа трансформација исто така треба да се спроведе на Западен Балкан, особено во контекст на пандемијата и како таа влијае на економијата и на животот на толку многу луѓе, рече Гир.
Како што потенцираше, потребна е поврзаност во дигитализацијата, чија цел е да се поттикне економски развој како и опоравување од пандемијата предизвикана од Ковид-19, како и да се создаде клима атрактивна за инвестирање, за која цел, потребно е почитување на основните реформи согласно со законите на ЕУ.