Во Русија, во изминатите 24 часа починаа 507 лица од коронавирус, што е првпат од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи во еден ден да надмине 500.
Вкупно 37.538 лица починаа од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата ТАСС.
Во Русија, во изминатите 24 часа се потврдени 23.675 случаи на коронавирус, што е најмал број на новоинфицирани од 19 ноември. Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 2.162,503 случаи на коронавирус.
Во извештајот се посочува дека 25.748 лица оздравеле, а вкупниот број на излекувани пациенти е 1.660,419.