Георгиевска: Предлог-буџетот за 2021 година предвидува зголемување на средствата за капитални инвестиции за 20%

Предлог буџетот за 2021 година е во насока на постигнување напредок во овие исклучително тешки моменти на глобалната економија, со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, системска функционалност и поддршка на веќе започнатите реформи, истакна пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска на комисиската расправа посветена на буџетот за наредната година.
Таа нагласи подобрувањето на економската состојба и состојбата на пазарот на трудот се поврзани со подобрување на здравствената состојба воопшто.
Во таа насока основите на оваа буџетска политика се движат во правец на поддршка на здравствениот сектор, односно заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и овозможување на следен економски раст, поддршка на самата економија и зачувување на работните места, секако непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка на реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции, рече Георгиевска.
Буџетот за 2021 година е дел од среднорочната буџетска рамка за процесот на среднорочно планирање на за периодот 2021-2025 година, за економско заздравување и забрзан раст, рече Георгиевска, додавајќи дека поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и помошта за најранливите категории на граѓани, ќе продолжи и во 2021 година.
Контурите на новиот предлог буџет се поставени како рамка во едно оптимистичко сценарио, кое предвидува стивнување на здравствената криза во првиот квартал од наредната година, што треба да донесе економско заздравување и врз основа на тоа економски раст од околу 4 проценти, а очекувањата за наредната година се умерена инфлација, пораст на увозот и извозот, инвестициите во позитива, намалување на невработеноста, истакна Георгиевска.
Таа нагласи дека предлог буџетот ја изразува силната заложба и посветеноста во борбата против корупцијата и сивата економија и предвидува 20% повеќе средства за капитални инвестиции од планот за 2020 година.
Приоритет се инфраструктурните проекти, а за поголема ефикасност се предвидува насочување на средствата кон проекти со поголема реализација и формирање централна единица за капитални инвестиции, која ќе ја следи нивната реализација и ќе се осигури дека сите се активни.
Предлог буџетот во услови на неизвесниот поради пандемијата обезбедува ревитализација и економски раст и макроекономска стабилност, порача пратеничката на СДСМ Георгиевска.

 

Треба да знаете
Последни објави