Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„И денес СДСМ, Мицкоски го обвини поради сончевото утро, за ниското ниво на снег на планините, за студената вода и слични проблеми. Но сето тоа не е оправдување за нивната алармантна неспособност.
Ја разбираме опседнатоста на СДСМ со Мицкоски, тоа е само затоа што Мицкоски претставува најголемата закана за криминалецот Заев. Нека не ги лаже Заев, во СДСМ треба да прочитаат дека министер за здравство не е Мицкоски туку Филипче, а со тоа и одговорен за црната катастрофа.
Во Македонија не е борбата колку операции ќе се направат туку колку кревети ќе се обезбедат. До таму дојде работата што живите и мртвите во болниците ги ставаат во иста соба. За кревети, кислород и вакцини за грип нема, ама за провизии од тендери има!
Заев и Филипче се луѓето со крвави раце и на чија совест ја имаат секоја смрт на болен од ковид, и се ближи денот кога Заев ќе одговара за тоа што државата ја турна во амбисот на смртта и тоа што луѓе умираат по болнички ходници.