Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, албанската министерка за здравство и социјална заштита,Огерта Манастирлиу упати апел за строго почитување на мерките и препораките за заштита посочувајќи дека „ партиот е оној кој ќе остане дома”.
Апелот на министерката доаѓа пред престојните празнувања,како што се денот на независноста на Албанија и денот на ослободувањето во Втората светска војна.
-Ние многу добро ја разбираме желбата за славеење, особено ноемвриските празници. Но, годинава, овие празници не наоѓаат пред здравствен предизвик што се случува еднаш во еден век. Патриот денес е оној кој останува дома, за да го заштити сопственото и здравјето на семејството, роднините, пријателите. Ќе дојде време кога, меѓу нашите најголеми победи, ќе биде и победата што заедно ќе ја оствариме во битката за здравјето,рече Манастирлиу.
Во меѓувреме Министертвото информираше дека во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 644 лица но оти и бројот на направените тестови е помал споредно со претходните денови. Сепак процентот речиси е идентичен или 30 отсто од тестираните.
Во последните 24 часа починати се осум лица од 48 до 73-годишна возраст, оздравени се 365 а во трите ковид болници се третираат 461 пациент што е највисока бројка на хоспитализирани до сега.
Според министерството до сега направен се 179.842 тестови, позитивен резултат е добиен кај 34.944, оздравеле 17.031, активни на болеста се 17.710, додека починале 743 лица