Марк Руфало ќе го глуми таткото на ликот на Рајан Рејнолдс во нов научнофантастичен филм на Нетфликс. Филмот со работен наслов „Проектот Адам” (The Adam Project) и со приказна околу времепловот, сѐ уште е во претпродукција.
Се раскажува за човек што мора да патува низ времето за да се посоветува со себеси кога имал 13 години. Режисер е Шон Ливај, а сценаристи – Џонатан Тропер и ТС Наулин.
Во филмот ќе глумат и Зои Сладана, Кетрин Кинер, но и Џенифер Гарнер, која пред 16 години глумеше во „Од 13 на 30 години” – филм со слична содржина.