На бреговитe на архипелагот Чатам, 680 километри југоисточно од Нов Зеланд, 100 делфини се најдени насукани и угинати, јави радио „Нов Зеланд”.
Според податоците, редарите кои пристигнале на местото пронашле мртви 97 црни делфини и три клунести делфини. Други 26 единки биле живи, но спасувачите морале да ги еутаназираат, бидејќи биле премногу долго на копно и не било можно да се вратат в море.
Во септември 2018 година, беше регистрирано масовно угинување на црни делфини на северниот дел на архипелагот Чатам. На 30 ноември истата година, повторно, над 50 животни беа исфрлени на брегот и не успеаја да се вратат во морето. Една недела порано, ренџерите забележаа 150 угинати единки во близина на брегот на островот Стјуарт, на југот на Нов Зеланд.