Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во Гостивар 55, а во Струга 21 болни.
Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија седум позитивни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.